27 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски, остро ја критикуваше работата на Владата предводена од Христијан Мицкоски, оценувајќи дека во првите 365 дена од нивното владеење Македонија е „понижена и заглавена“, а граѓаните живеат сѐ потешко.
Во гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24, Илиевски истакна дека оваа влада има „најслаб старт во историјата на самостојна Македонија“ и дека ветувањата што ВМРО-ДПМНЕ ги давала како опозиција не се реализирани.
„Македонија воопшто не се развива. Македонија стагнира. Моментално сме најзадолжена земја во регионот. Платите не растат, нема промени во правосудството, нема правда, нема напредок во земјоделието, инфраструктурата, ниту во меѓународната политика. Буквално сме заглавени,“ изјави Илиевски.
Тој посочи дека заглавен е и европскиот пат на државата, обвинувајќи ја Владата дека наместо да ги искористи неповратните европски фондови, ја задолжува државата за дополнителни 7 милијарди евра, кои идните генерации ќе мора да ги отплаќаат.
„Со отворање на европските процеси ќе можевме да добиеме неповратни средства од Европската унија, што ќе значеше развој и напредок. Тоа не се случи,“ нагласи тој.
Според Илиевски, во изминатата година не е започнат ниту еден нов капитален инфраструктурен проект, а актуелната власт се обидува да ги презентира како свои проектите започнати од претходната влада на СДСМ.
Како дополнителен проблем, Илиевски го наведе и постојаното зголемување на потрошувачката кошница, со што, како што вели, стандардот на граѓаните станува сѐ послаб.
„Граѓаните во изминатите 365 дена не живеат подобро, а ако утрото по денот се познава, најлошото допрва ќе го видиме,“ заклучи потпретседателот на СДСМ Методија Илиевски.