17 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) вечерва ги објави резултатите од вонредните анализи спроведени по големиот пожар што во саботата избувна во магацин за отпад во скопското село Трубарево. Според испитувањата на земените примероци од вода, не е утврдена радиоактивност, а нема ниту опасни нивоа на тешки метали во почвата.
Од ИЈЗ информираат дека биле земени примероци од повеќе локации во засегнатото подрачје за испитување на радиоактивност и тешки метали во вода, воздух и почва. Според досегашните резултати, не е утврдено присуство на радиоактивност во воздухот, почвата и водата, ниту пак опасни концентрации на тешки метали.
Дополнителните анализи, завршени денеска, покажале дека нема отстапувања од референтните вредности за вкупно 16 тешки метали (олово, кадмиум, арсен, никел, жива, хром, бакар, цинк, калај, бариум, берилиум, кобалт, ванадиум, талиум, молибден и антимон).
Сепак, забележано е зголемување на два параметра – бакар (Cu) и цинк (Zn) – само на едно испитано место, во површинскиот слој каде што гореле литиумски батерии. Според ИЈЗ, тоа е во рамки на очекувањата и не претставува сериозен ризик.
Институтот посочува дека анализите се направени во најкус можен рок и ќе продолжат да се повторуваат според предвидените протоколи. ИЈЗ останува во координација со Министерството за здравство и со надлежните институции, а јавноста ќе биде информирана за сите наредни активности.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден