20 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Професорката по француски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, Дореана Христова, преку својот фејсбук-профил упати жестока критика до раководството на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски, обвинувајќи ги за континуирани провокации кон Бугарија и за „србизирање“ на македонскиот идентитет.
Во својот статус, Христова ја нарекува ВМРО-ДПМНЕ „лажна партија“ и прашува „како не им е срам“ што постојано ја провоцираат Бугарија – држава членка на Европската Унија која, како што таа вели, „нема никакви територијални претензии кон нас“.
Професорката воедно укажува на, како што тврди, процес на постепено србизирање на Северна Македонија, за што сведочи и фактот што, според неа, „српските историчари повторно ја нарекуваат нашата татковина како во 1913 година – ‘Јужна Србија’“.
Таа повикува на итни политички промени, барајќи:
Костова: Народот тоне во сиромаштија, ВМРО-ДПМНЕ со очајни економски резултати