20 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Вистинска драма се случила во Кавадарци ноќта меѓу 18 и 19 октомври, кога група од осум лица, меѓу кои три жени, насилно упаднала во домот на свој сограѓанин, уништувајќи ја покуќнината и напаѓајќи ги домаќините.
Според информациите на Министерството за внатрешни работи (МВР), во периодот од 22:05 до 01:25 часот, полициските службеници од ОВР Кавадарци извршиле службени разговори со О.Ј. (45), Н.Ј. (44), У.Ј. (41), Е.Ј. (35), А.Ј. (23), К.Ј. (25), Ш.Ј. (40) и С.С. (28) — сите од Кавадарци.
Според пријавата, осомничените ја скршиле влезната врата од домот на 40-годишен жител на градот, по што влегле внатре и почнале да кршат мебел и предмети за домаќинство. Потоа, групата физички ги нападнала сопственикот и неговата сопруга, нанесувајќи им телесни повреди.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави против сите вклучени лица.
Инцидентот ја потресе јавноста во Кавадарци, а полицијата продолжува со истрагата за да се утврдат мотивите и околностите под кои се случил овој брутален напад.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден