12 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Во мигрантскиот камп на граничниот премин Табановце во Македонија се случил сериозен инцидент во кој, според информации на Инфомакс, поголема група мигранти предизвикале хаос, материјални штети и нарушување на безбедноста на персоналот и објектите во кампот.
Како што дознаваме од високи извори, околу 20 мигранти, претежно од Авганистан и Египет, учествувале во инцидентот при што биле демолирани повеќе објекти и дел од инфраструктурата во кампот. Оштетени се контејнери за сместување, кујната за подготовка на храна, како и објекти кои ги користи Црвениот крст.
Според изворите, мигрантите ја обиле кујната во кампот и ја украле храната, а со нож бил исечен и шаторот кој служел како кујна. Дополнително, бил обиен и објектот на Црвениот крст во кој бил сместен персоналот, при што биле украдени мобилни телефони и други лични предмети.
Особено загрижувачки е фактот што дел од мигрантите, според сведоштвата, се соблекувале голи и се движеле низ дворот на кампот, иако меѓу персоналот имало и жени, што дополнително ја влошило безбедносната и работната атмосфера.
Изворите за Инфомакс нагласуваат дека за настанот се известени сите надлежни институции, како и релевантните меѓународни организации, со цел да се преземат соодветни мерки и да се спречат слични инциденти во иднина.
Очекувањата се дека надлежните органи ќе извршат детална истрага за настанот и ќе ја зајакнат безбедноста во мигрантскиот камп Табановце, со цел заштита на персоналот, хуманитарните работници и инфраструктурата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

