21 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Линеарното зголемување на пензиите, најавено за септември, е чиста форма на политички маркетинг, тврди економскиот аналитичар и поранешен министер за финансии Џевдет Хајредини. Според него, оваа мерка, особено со оглед на тоа што локалните избори се закажани за октомври, претставува класичен обид за поткуп на гласачите, особено на оние пензионери со пониски примања.
Министерката за финансии неодамна изјави дека се залага за линеарно зголемување на пензиите, со цел сите пензионери да добијат ист износ на покачување. Но, Хајредини остро реагира на ваквиот предлог, укажувајќи дека ваквиот пристап е неправеден кон пензионерите кои низ својот работен век вложувале повеќе во Пензискиот фонд, плаќајќи повисоки придонеси.
„Ова е јасна политичка калкулација со која се таргетира најчувствителната група на гласачи – пензионерите со ниски пензии, кои вообичаено се и најголемите поборници за линеарно зголемување,“ изјави Хајредини за „Локално“.
Тој потсетува дека оваа пракса не е нова и дека за прв пат беше применета кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, односно во времето на министерот за финансии Зоран Ставрески. Истата стратегија подоцна ја презеде и СДСМ, откако виде дека носи значителна политичка добивка.
Хајредини предупредува дека ваквите мерки, иако можеби популарни, го разградуваат принципот на заслуга во пензискиот систем и носат долгорочни ризици за одржливоста на фондот.