12 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Бугарскиот историчар и професор Александар Гребенаров изјави дека околу 250 илјади граѓани на Македонија веќе поседуваат и бугарско државјанство, што според него може да доведе до ситуација во која „Македонците ќе мораат да се борат за своето место во сопствениот устав“.
Во интервју за Љајм ТВ, Гребенаров наведе дека во последната деценија 216 илјади македонски државјани добиле бугарски пасоши, а според неговите проценки, вкупната бројка веќе достигнува 250 илјади.
„За период од 10 години 216 илјади македонски граѓани добиле бугарски пасоши, каде што признале дека имаат бугарска свест. Ако овој тренд продолжи, тогаш Македонците ќе се борат за своето место во Уставот во ‘морето’ исполнето со Албанци и Бугари“, изјави Гребенаров.
Професорот додаде дека Македонија мора да го почитува Францускиот предлог, бидејќи, како што нагласи, самата држава го прифатила документот.
„Северна Македонија е должна да го почитува Францускиот предлог. Тој документ беше прифатен како таков и го потпишаа тогашните министри за надворешни работи, Генчовска и Османи“, истакна тој.
Во продолжение, Гребенаров се осврна и на историски прашања, тврдејќи дека во Средниот век терминот „Македонија“ не постоел во современото значење.
„Во тоа време, областа се нарекувала ‘Долна Бугарија’, а просветителите зборувале и пишувале на бугарски јазик, бидејќи немало ниту Македонија ниту Македонци. До Првата светска војна, термините ‘Македонија’ или ‘Македонци’ не се среќаваат во историјата“, додаде тој.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден