03 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Целиот град Гостивар и околните населени места останаа без вода за пиење откако градежни машини на компанијата „Бехтел и Енка“ го оштетија главниот цевковод при изведување на ископи за време на градежните активности поврзани со автопатот од Коридорот 8.
Јавното претпријатие „Комуналец“ од Гостивар соопшти дека станува збор за сериозен дефект – оштетени се два главни водоводни цевки во близина на селото Здуње, и засега нема точна информација кога ќе се санираат целосно штетите.
Станува збор за оштетување на главна цевка со пречник од 500 мм и дополнителна со пречник од 200 мм, кои го носат водоснабдувањето од изворот на реката Вардар до домаќинствата и потрошувачите во Гостивар.
„Како резултат на оштетувањето на главниот цевковод на водоводната мрежа во Гостивар, предизвикано од ископувањата на механизацијата на ‘Бехтел и Енка’ – изведувачот на автопатот од Коридорот 8, и тоа без претходна најава, ќе има привремено прекинување на водоснабдувањето на целата територија на градот Гостивар“, информираат од „Комуналец“.
Техничките екипи веќе се на терен и работат интензивно на санирање на дефектот со цел што побрзо да се воспостави нормално водоснабдување.
„Водата ќе биде повторно достапна веднаш по завршување на поправките. Се извинуваме за непријатностите и благодариме за разбирањето“, стои во известувањето од претпријатието.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

