06 април 2026
• од Станча Јаќимовски
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе нова одлука со која од полноќ ќе се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати. Според пресметките, цените растат во просек за 1,41% во однос на претходната одлука донесена на 30 март 2026 година.
Во новата цена се вклучени повластената стапка на ДДВ од 10% (со исклучок на мазутот), како и намалените акцизи за дизелските горива – за 4 денари по литар и за 2 денари по литар, мерки кои и понатаму имаат значајно влијание врз ублажување на ценовниот раст.
Од полноќ, максималните малопродажни цени ќе изнесуваат:
РКЕ им укажува на нафтените компании да продолжат со практиката на пресметување на попустот што Владата го обезбедува преку главниот добавувач ОКТА. Со тоа, се очекува дополнително намалување на цените за:
Оваа мерка има за цел директно да им помогне на граѓаните и да го ублажи ефектот од поскапувањето.
Од РКЕ потенцираат дека без продолжување на намаленото ДДВ и интервенциите во акцизите, цените ќе беа значително повисоки. Во тој случај, максималните цени би достигнале:
Според ова, мерките на Владата и понатаму играат клучна улога во стабилизирање на цените и заштита на стандардот на граѓаните.
Иако се бележи нов раст на цените на горивата, тој е релативно умерен благодарение на фискалните мерки. Сепак, трендот на поскапување останува, што значи дека пазарот и понатаму ќе биде под влијание на глобалните енергетски движења.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

