12 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Голем дел од скопската населба Центар денес ќе биде без централно греење во периодот од 11:00 до 16:00 часот, поради приклучување на нови објекти на системот за дистрибуција на топлинска енергија, информираат од ЕМВ.
Како што соопштуваат од компанијата, прекинот е резултат на планираното поврзување на објекти на улицата „Коле Неделковски“ бр. 15А и на улицата „Васил Ѓоргов“ бр. 21Б и 23Б. Поради овие активности, дел од дистрибутивната мрежа ќе биде испразнета, што ќе предизвика привремен прекин во снабдувањето со топлинска енергија.
Без греење во наведениот период ќе останат објектите на следните локации:
Од ЕМВ апелираат до корисниците за разбирање, нагласувајќи дека станува збор за планирана интервенција со цел подобрување и проширување на системот за греење. По завршување на работите, снабдувањето со топлинска енергија ќе биде нормализирано.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

