23 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Сериозна драма се одвива во Клиничката болница во Тетово, каде дел од здравствените работници денеска излегоа на протест, обвинувајќи дека со години биле злоупотребувани и оставени без работа поради партиски влијанија и условувања.
Според нивните тврдења, по долгогодишна работа со договор на дело, им било ветувано трајно вработување, но на последниот конкурс тие биле изоставени. Наместо нив, како што велат, биле примени надворешни лица без соодветно искуство, додека тие со години работеле без платен стаж, без здравствено осигурување и без право на годишен одмор.
Дополнително, дел од протестирачите тврдат дека биле директно условувани со политичка поддршка. „Ни беше кажувано – гласај за Касами за да добиеш работа“, изјавуваат дел од здравствените работници, посочувајќи дека месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ наводно имале клучна улога во одлучувањето кој ќе биде примен на работа во болницата.
Протестирачите бараат итна ревизија на конкурсите за вработување, транспарентна постапка и прекин на партиските притисоци во здравствениот систем. Тие предупредуваат дека доколку институциите не реагираат, ќе продолжат со протестите и ќе побараат одговорност од надлежните.
Од раководството на болницата и од надлежните институции засега нема официјален одговор на обвинувањата.
Социјалната Помош и Пензискиот Фонд на Работ на Колапс – Што Да Очекуваме?
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

