13 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Герасим Лазов, истакнат активист на СДСМ, на својот профил на Фејсбук објави фотографии од луксузен објект во Истра, Хрватска, за кој тврди дека припаѓа на семејството на премиерот Христијан Мицкоски.
На објавените фотографии се гледа импресивен имот со архитектура што потсетува на замок, каде, според Лазов, премиерот го поминал својот годишен одмор додека престојувал во Хрватска.
„Дали замоков во Истра – Хрватска е на премиерот Мицкоски или на баџанакот Дано камионџијата од Струмица? Додека премиерот ви вика дека вашата плата ви е доволна и дека со неа добро се живее, сетете се на овие слики и размислете дали можете и вие да си купите ваков замок во Истра – Хрватска со вашата плата!?“ – напиша Лазов на Фејсбук.
Фотографиите предизвикаа бурни реакции на социјалните мрежи, а јавноста очекува официјален одговор од премиерот во врска со тврдењата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден