МАКЕДОНИЈА

Фондација Македонија од Бугарија бара економски санкции против Владата на Северна Македонија

12 јуни 2025

• од Гоце Кически

Претседателот на бугарската невладина организација „Фондација Македонија“, Виктор Стоjaнов, упати официјално барање до бугарската влада за воведување економски и финансиски санкции против Владата на Република Северна Македонија, предводена од премиерот Христијан Мицкоски.

Во писмо адресирано до премиерот на Република Бугарија, г. Росен Жељазков, а испратено и до претседателот на државата Румен Радев, претседателката на бугарското Народно собрание Наталија Киселова и министерот за надворешни работи Георг Георгиев, Стоjaнов ги обвинува македонските власти за „системско институционално прогонство на Бугарите во Северна Македонија“.

Како конкретен пример за тоа, тој го наведува случајот со Љубчо Георгиевски, кој според писмото бил осуден на една година затвор од Основниот суд во Битола на 12 јуни 2025 година. Стоjaнов го нарекува процесот „политички случај“ што, како што тврди, не кореспондира со римското и англосаксонското право кое важи во демократските земји во Европа.

„Го повикуваме бугарското правителство да иницира воведување санкции врз владата на Христијан Мицкоски и нејзините членови, поради долгогодишниот прогон врз Бугарите во земјата“, стои во писмото. Дополнително, се бара бугарската влада да се обрати и до Европската комисија со иницијатива за воведување санкции на европско ниво.

Стоjaнов апелира до институциите на ЕУ да ја разгледаат ситуацијата, а до бугарските власти упатува повик „да го слушнат чувството за должност и правда кај бугарските граѓани“ кои, како што вели, сочувствуваат со состојбата на Бугарите во Северна Македонија.

Оваа изјава и барање доаѓа во контекст на долготрајната и често напната реторика помеѓу двете држави околу прашањето за правата на лицата со бугарска националност во Северна Македонија.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени