17 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција остро ја критикуваше работата на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека таа нема одговор на ниту едно суштинско прашање кое директно ги засега граѓаните.
Според Филипче, наместо да креира политики насочени кон подобрување на животниот стандард и напредок на државата, власта свесно создава дефокус преку јавен линч и, како што рече, црна кампања.
„На сите им е јасно што прават. Нема ништо за реалните проблеми со кои граѓаните се соочуваат секој ден. Само дефокус, јавен линч и црна кампања“, изјави Филипче.
Тој посочи дека власта молчи за сериозните економски предизвици со кои се соочува државата, наведувајќи дека нема одговор на прашањата за, како што рече, дупката во буџетот од две милијарди евра, недостатокот на средства за зголемување на платите и пензиите, проблемите со мигрантите, како и сомнежите за црн капитал поврзан со Алата банка и корумпирани тендерски постапки низ институциите.
„Нема одговор на вистинските прашања. За дупката во буџетот од 2 милијарди евра, за тоа што нема пари да се зголемат платите и пензиите, за мигрантите, за црниот капитал преку Алата банка, за корумпираните тендерски постапки насекаде во државата“, нагласи Филипче.
Дополнително, лидерот на СДСМ обвини дека наместо транспарентност и отчетност, власта ги користи државните институции за политичка пропаганда. Тој тврдеше дека се исплаќале лица за поддршка на власта преку социјалните мрежи и преку државни институции.
„Исплаќаат луѓе да ги поддржуваат преку јавните мрежи, преку државни институции. Видовме колку луѓе биле исплаќани преку Лотарија. Следат списоци од скоро сите министерства, и за одбрана и за надворешни работи. Ќе видите тоа каков скандал е, па дали на тоа некој од власта ќе одговори“, изјави Филипче.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

