TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Владата нема искрена намера за европски реформи, државата е заложник на бизнис-интереси блиски до ДПМНE

19 јануари 2026

• од Тодор Вангелов

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање остро ја критикуваше работата на актуелната влада, обвинувајќи ја дека нема вистинска заложба за спроведување на реформите неопходни за европската иднина на државата.

Според Филипче, наместо фокус на реформската агенда и приближување кон Европската Унија, власта се грижи исклучиво за бизнис-интересите на тесен круг луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа што ништо не исполнија од договореното досега и тоа што еве полека ја разоткриваме нивната власт, покажува дека станува збор за еден голем бизнис за мала група на луѓе блиска до ВМРО-ДПМНЕ. Тоа значи дека немаат намера да сработат нешто од реформската агенда“, изјави Филипче.

Тој нагласи дека граѓаните треба јасно да разберат оти со оваа влада не може да се очекуваат суштински реформи, туку само, како што рече, „лажна пропаганда“ зад која се кријат приватни интереси.

„Сѐ е една лажна пропаганда со цел нивните бизниси во позадина да продолжат. Нема збор за сомнителниот капитал од АЛТА банка, нема збор за 161 милионски тендер доделени на компании регистрирани вчера, на луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ, ниту за средбите на вицепремиерот со луѓе блиски до Путин. Премиерот зборува за реформска агенда, но требаше веќе многу работи да се случат. За жал, сега сето тоа е разоткриено“, рече лидерот на опозицијата.

Филипче дополнително посочи дека владата сериозно ја закочила европската перспектива на државата. Тој потсети дека за 2025 година биле планирани 12 клучни закони поврзани со европската агенда, но бил донесен само еден, и тоа, како што рече, парцијално и без целосно вградување на препораките од Европската Унија.

„Ова е јасен доказ дека тие сакаат само формално да покажат дека нешто се работи, колку да се каже дека има активност според временската рамка, но не и вистински да се спроведат реформите“, истакна претседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија.

Социјалдемократскиот сојуз, како што порача Филипче, ќе продолжи да ја разобличува, како што ја оцени, „анти-реформската и клиентелистичка политика“ на актуелната власт и да се залага за вистински реформи и јасна европска иднина за државата.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
СВЕТ
19 јануари 2026

Норвешката армија испраќа писма за подготвеност во случај на војна

МАКЕДОНИЈА
19 јануари 2026

Лулзим Алиу поднесе оставка од функцијата заменик-министер за образование и наука

МАКЕДОНИЈА
19 јануари 2026

Нападнат затоа што е Бугарин – Пендиков предупредува: омразата носи поени, но ја уништува иднината

МАКЕДОНИЈА
19 јануари 2026

Струмичката полиција приведе лице барано по потерница

СВЕТ
19 јануари 2026

Анализа од институт во Тел Авив: Иран под силен притисок, САД пред тешки одлуки

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
19 јануари 2026

Штркот што влезе во параклис и „се загледа“ во икона беше спасен во Бугарија

СВЕТ
19 јануари 2026

Тешка железничка несреќа во Шпанија: 39 загинати, над 120 повредени

СВЕТ
19 јануари 2026

Прекин на огнот и историски чекор кон интегрирана Сирија: СДФ се интегрираат во сириската армија

СВЕТ
19 јануари 2026

Форумот во Давос поскап од кога било: ноќевање и до 3.000 евра

ВРЕМЕ
19 јануари 2026

Временска прогноза за 19 јануари 2026 година

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
ДРУГО
19 јануари 2026

Денес Бог се јави меѓу луѓето – Крштението Христово и патот на спасението (19 јануари 2026)

МАКЕДОНИЈА
18 јануари 2026

Претреси во Неготино: Пронајдени 350.000 евра за кои се сомнева дека се незаконски стекнати

СВЕТ
18 јануари 2026

Давос 2026: глобалните лидери повторно ќе бараат одговори за економијата, безбедноста и технологијата

СВЕТ
18 јануари 2026

Зеленски предупредува: Русија се подготвува за офанзива врз нуклеарниот енергетски систем на Украина

МАКЕДОНИЈА
18 јануари 2026

Премиерот зборува за евроинтеграциите и реформи, без спомнување на Бугарите во Уставот

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
18 јануари 2026

Најмалку 5.000 загинати во протестите во Иран,

СПОРТ
18 јануари 2026

Историски ден за бугарскиот сноубординг на Светскиот куп во Банско

МАКЕДОНИЈА
18 јануари 2026

Инцидент во Долно Чичево: пожар на фарма, повеќе лица побарале лекарска помош

СВЕТ
18 јануари 2026

САД започнуваат испорака на борбени возила „Страјкер“ за Бугарија, потврдувајќи го стратешкото партнерство меѓу двете земји

СВЕТ
18 јануари 2026

Делегација од Кочани на фестивалот „Сурва“ во Перник, Бугариjа

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
18 јануари 2026

Hills of Rock 2026: Пловдив повторно станува епицентар на светската рок и метал сцена

МАКЕДОНИЈА
18 јануари 2026

СДСМ: Десет години од заминувањето на Груевски – „истите политики се враќаат“

СВЕТ
18 јануари 2026

„Артемис“ на рампата: НАСА се приближува до трајно присуство на Месечината

МАКЕДОНИЈА
18 јануари 2026

Зголемен број пациенти со вируси и сезонски грип во земјава

МАКЕДОНИЈА
18 јануари 2026

Вандалски чин во паркот „Бановина“: Општина Аеродром остро реагира

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
18 јануари 2026

Филипче: Македонија е во сериозна меѓународна изолација поради политиките на власта

СВЕТ
18 јануари 2026

По 25 години преговори: ЕУ и Меркосур со договор за слободна трговија

ДРУГО
18 јануари 2026

Чествување на светите маченици Теопемт и Теона – 18 јануари 2026 година

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега