21 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска остро реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи дека Владата ја оттурнува државата од европскиот пат и води политика на изолација.
Во соопштение, Филипче оцени дека наместо да ги спроведе реформите што Европската Унија ги бара веќе две години, премиерот, како што вели, нуди „само изолација и анти-ЕУ кампања“.
Тој посочи дека повеќе од 70 проценти од граѓаните ја поддржуваат евроинтеграцијата, додека Мицкоски, според него, зборува за „булинг“ и поделби на „прва и втора лига“.
„Тоа не е булинг, туку последица од неисполнување на обврските – правда, слобода на медиуми и борба против корупцијата“, наведува Филипче.
Лидерот на СДСМ дополнително ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека секојдневно создава конфликти со соседите и дека на критиките од Брисел одговара со напади врз Европската Унија. Според него, токму поради таквите политики нема напредок во евроинтеграциите.
Во реакцијата се изнесуваат и сериозни обвинувања за состојбите во правосудството, медиумите и борбата против криминалот, при што Филипче тврди дека „судството и обвинителството се под контрола“, а медиумите се задушени „преку моделот на Орбан“.
Филипче потсети дека, како што наведува, Европа дала јасна шанса до 2027 година за напредок на земјата заедно со регионот, посочувајќи дека Црна Гора и Албанија веќе бележат напредок.
„Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски може да има резултати“, се вели во реакцијата.
На крајот, претседателот на СДСМ упати остри политички квалификации кон премиерот и ВМРО-ДПМНЕ, тврдејќи дека тие не ја поддржуваат европската агенда.
СДСМ: Сиљановска бара поголем владин авион додека платите остануваат ниски
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

