13 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
На граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во Радовиш, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, остро ја критикуваше актуелната влада на ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја дека граѓаните ги довела до состојба во која основните потреби станале луксуз.
„Со ВМРО-ДПМНЕ на власт, луксуз стана храната, луксуз е минималната плата, луксуз е чистиот воздух, правдата, луксуз е достоинствениот живот“, изјави Филипче пред присутните граѓани, додавајќи дека власта дала бројни ветувања за економски раст, повисоки плати, пензии и скандинавски стандард, но сè тоа останало само празна реторика за да се добијат избори.
Филипче нагласи дека актуелната власт не разбира што навистина значи скандинавски модел на држава.
„Не знам дали оваа власт знае што значи скандинавска држава или пак само така убаво им звучи. Луѓето што живеат во скандинавските земји имаат висок животен стандард, функционални и непартизирани институции, квалитетно образование и здравство, квалитетна инфраструктура и доверба во правосудниот систем. Тоа се држави што се грижат за граѓаните и им обезбедуваат сигурна иднина“, рече тој.
Претседателот на СДСМ посочи дека македонските граѓани се далеку од условите што ги имаат жителите на скандинавските земји.
„Што имаме ние од скандинавската среќа што упорно премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да ни ја прикажат? Со минимална плата од 400 евра и со цени што секојдневно растат, може да се живее само првите десет дена од месецот. После тоа, почнува периодот на преживување“, истакна Филипче.
Во своето обраќање тој додаде дека додека народот се бори со сиромаштија, власта троши непромислено.
„Не е луксуз нивното рекордно задолжување — нов долг од 1,8 милијарди евра во само 13 месеци власт, без никаков реален ефект врз развојот. Не е луксуз за нив папајата, мангото, приватните авиони и сè што претставува нивен интерес“, рече Филипче, обвинувајќи ја власта дека ја игнорира реалноста во која живее мнозинството граѓани.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден