20 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција објави дека партијата остварила победа во три општини – Крива Паланка, Кривогаштани и Богданци, додека во девет други општини СДСМ има водство според првичните резултати.
Меѓу општините во кои СДСМ моментално води, Филипче ги спомна Центар, Пробиштип, Чешиново-Облешево, Чучер Сандево, Валандово, Лозово и Ранковци.
Во однос на Град Скопје и изборот на градоначалник, тој изјави дека ќе се почекаат конечните резултати за да се даде прецизна изјава.
Филипче нагласи дека резултатите не се изненадување, бидејќи партијата сè уште е во процес на консолидација, но дека се забележува позитивен тренд и зголемен број на гласови во одредени општини.
„Нашата порака беше препознаена од граѓаните. Има повеќе места каде што поддршката за СДСМ е зголемена, што покажува дека сме на вистинскиот пат“, истакна тој.
Филипче додаде дека, имајќи ги предвид околностите под кои се одвиваа изборите, резултатот на СДСМ не е лош и претставува добра основа за понатамошно зајакнување на партијата.
Тој посочи дека во неколку општини исходот сè уште не е јасен и дека се чекаат конечните резултати од избирачките места.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден