МАКЕДОНИЈА

Филипче: Скопје е затрупано во ѓубре, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го држат градот во заложништво

19 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, остро ја критикуваше состојбата во главниот град и обвини дека Скопје е жртва на неспособност, негрижа и политичка калкулација на ВМРО-ДПМНЕ. Во обраќање пред членовите на градската организација на партијата во Скопје, тој посочи дека ситуацијата во градот е „најеклатантен пример“ за лошо владеење.

„Скопје е затрупано со ѓубре, јавниот превоз е во колапс, проектите стојат, а граѓаните се оставени на цедило“, рече Филипче, нагласувајќи дека причината за оваа состојба се наоѓа во, како што рече, пропаднатите зделки меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и градоначалничката Данела Арсовска, како и во блокадите од советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.

„Скопјани не смеат да заборават дека Скопје тоне четири години заради пропаднатите бизнис зделки на Мицкоски со Арсовска. ВМРО-ДПМНЕ го држи градот во заложништво – нивните советници и функционери не работат ништо друго освен да попречуваат, блокираат и се расправаат со Арсовска. Тоа е вистинското лице на нивното владеење“, потенцираше тој.

Филипче посебно го спомена Трајко Славески, претседавачот со Советот на Град Скопје, кого го обвини дека „не направил ништо“ за доброто на градот, а сепак бил „награден“ од партијата со функцијата гувернер на Народната банка.

„Награда за неработење и игнорирање на потребите на граѓаните – тоа е политиката на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Филипче.

Тој ја обвини и Владата на Мицкоски за пасивност и незаинтересираност, и покрај тоа што, според него, располага со сите потребни механизми да му помогне на градот.

„Неразбирливо е како Владата може да гледа како Скопје се распаѓа, а да не мрдне со прст. Немаат јавен превоз, проектот за нови автобуси не се спроведува, а граѓаните не можат да стигнат од еден до друг крај на градот. Тоа е апсолутна негрижа“, заклучи Филипче.

СДСМ најавува дека оваа состојба ќе биде клучна тема во претстојните локални избори, повикувајќи на промена и одговорност за, како што велат, четири години пропаѓање на главниот град.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени