03 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
СДСМ бара итна декласификација на целата документација поврзана со случајот што власта го претстави во јавноста како афера за прислушкување, изјави претседателот на партијата, д-р Венко Филипче.
„СДСМ бара итна декласификација на целата документација од случајот кој власта во јавноста го презентираше како афера за прислушкување. За ова има јасна постапка по која АНБ може да ги обелодени сите информации и документи,“ порача Филипче. Тој нагласи дека случајот мора да биде достапен на јавноста за да се утврди дали и кој ја злоупотребил функцијата во безбедносните служби.
Според него, доколку АНБ не ја спроведе декласификацијата, тоа ќе биде доказ дека станува збор за уште еден неуспешен обид за манипулација. „Исто како што беа случаите за неколку дестабилизации, за следење со дронови, за обиди за поткуп на премиерот од странски компании и слични приказни за кои никогаш ништо не се дозна повеќе,“ истакна лидерот на СДСМ.
Филипче обвини дека ВМРО-ДПМНЕ си игра со безбедносниот апарат и го користи за дневнополитички цели, исто како и со други сериозни национални прашања. „Ова е одлика на инфантилни политичари и популистички партии, чиј единствен интерес е да го оттргнат вниманието од проблемите со кои се соочуваат граѓаните,“ рече тој.
Тој додаде дека граѓаните веќе не им веруваат на овие „потрошени стратегии“ кои, според него, потекнуваат уште од времето на Никола Груевски и денес се рециклираат во услови кога Владата нема никаков резултат.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден