TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Филипче: САД треба да знаат дека Владата на Мицкоски функционира како режимите во Иран и Венецуела

01 март 2026

• од Гоце Кически

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање за нападите на Соединетите Американски Држави врз Иран, изјави дека САД се стратешки партнер на Македонија и дека, според него, интервенцијата следувала по исцрпување на сите дипломатски механизми.

„Соединетите Американски Држави се наш стратешки партнер и тие, откако ги исцрпија сите дипломатски механизми на преговори, настапија кон таков еден напад кон Иран и сметам дека таквиот напад и сè што се прави е во истиот контекст како што беше направена интервенцијата во Венецуела, а тоа е за доброто на иранскиот народ, како што беше и за доброто на народот во Венецуела“, изјави Филипче.

Тој додаде дека очекува деескалација на ситуацијата и намалување на тензиите во регионот.

Критики за власта

Во своето обраќање, Филипче упати сериозни критики кон актуелната власт во Македонија, оценувајќи дека таа покажува карактеристики слични на авторитарните режими со кои, како што рече, САД се справуваат.

„Добро е да се каже дека Соединетите Американски Држави, како наш стратешки партнер, треба да знаат дека овде во нашава земја има власт со многу слични карактеристики на тие авторитарни режими“, нагласи тој.

Според Филипче, власта ја турка државата во изолација, иако европската интеграција претставува стратешки интерес не само за Македонија, туку и за САД и за целиот регион. Тој изрази загриженост и за контактите на високи владини функционери со структури блиски до рускиот претседател Владимир Путин.

„Вториот човек на Владата не ги крие контактите со Ноќните волци, луѓе блиски до рускиот претседател Путин. Целосна е тотална партизација на правосудството. Премиерот именува, назначува, елиминира обвинители на телевизија. Очигледно е влијанието и партизирањето на судството“, изјави Филипче.

Обвинувања за политички договори и корупција

Претседателот на СДСМ се осврна и на случајот со враќањето на Артан Груби, оценувајќи дека политички договори во кои судството и обвинителството се послушници не се во интерес на државата. Според него, најавите од премиерот дека ќе го пречека на граница, додека институциите игнорираат сериозни безбедносни прашања, испраќаат лоша порака.

Филипче посочи и на, како што рече, трансфер на пет тони дрога преку граница, за кој оцени дека не може да се случи без знаење на власта.

Тој ја обвини владата и за гушење на слободата на говор преку контрола и влијание врз медиумите, ширење дезинформации и носење резолуции со кои се ограничува просторот за опозицијата во парламентот.

Дополнително, Филипче предупреди на системска корупција, тврдејќи дека стотици тендери се доделени на фирми блиски до врвот на ВМРО-ДПМНЕ. Тој ја оцени актуелната извршна власт како „терминално неспособна“, без визија и капацитет за управување со државата.

Совет за безбедност и состојбата во Армијата

Во однос на Советот за безбедност, Филипче рече дека е позитивно што се разговара за актуелните состојби, но ја повика претседателката на државата да обрне внимание на состојбата во Армијата.

„Меѓу другото, добро е претседателката да ја покрене и темата зошто, како врховен командант на Армијата, има шуга по касарните“, изјави Филипче.

Со ова, лидерот на опозициската СДСМ испрати порака дека, покрај надворешнополитичките предизвици, земјата се соочува и со сериозни внатрешни проблеми кои, според него, бараат итно институционално справување.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
СВЕТ
01 март 2026

Денот на независноста на БиХ: Годишнина од историската одлука за слобода, достоинство и суверенитет

МАКЕДОНИЈА
01 март 2026

Николоски: Со новата обиколница на Крива Паланка го зајакнуваме спојот со Бугарија на Коридор 8

СВЕТ
01 март 2026

Брисел со повик за контрола на нуклеарните и ракетните капацитети на Техеран

СВЕТ
01 март 2026

„Силата на преговорите да надвладее“ – порака на Борисов за кризата на Блискиот Исток

МАКЕДОНИЈА
01 март 2026

Филипче: Историски пад од 61% на странските инвестиции – економската политика на Владата е дебакл

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
01 март 2026

Бугарската држава со координирани мерки за заштита на повеќе од 30.000 Бугари на Блискиот Исток

МАКЕДОНИЈА
01 март 2026

Величковски: Поддршката за американската операција против Иран е принципиелна и исправна

СВЕТ
01 март 2026

Директорот на Одборот за мир, предводен од САД, Бугаринот Николај Младенов: 132 ракети соборени, ситуацијата е под контрола

СВЕТ
01 март 2026

Политико: Пријателството на Путин има граници — како што сега дозна Иран

СВЕТ
01 март 2026

МНР на Бугарија: Иран да ги запре нападите и да се врати кон диалог

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
01 март 2026

Совет за безбедност ќе заседава денес во 18 часот

СВЕТ
01 март 2026

Две ирански ракети пресретнати над Кипар

МАКЕДОНИЈА
01 март 2026

„Вистината ќе излезе на виделина“ – силна порака од „Маршот за ангелите“

МАКЕДОНИЈА
01 март 2026

Филипче од Горно Оризари: Владата ги понижи тутунарите и го скрати буџетот за субвенции

МАКЕДОНИЈА
01 март 2026

Лажни лекари измамиле битолчани за 20.000 евра

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
ДРУГО
01 март 2026

1 март 2026 – Денес е Прва недела од Великиот пост

СВЕТ
01 март 2026

Трамп: Иран е ослабен, можни се нови преговори

СВЕТ
01 март 2026

Со солзи Државната телевизија ја соопшти смртта на иранскиот диктатор

МАКЕДОНИЈА
28 февруари 2026

11 македонски државјани побарале евакуација од Израел, Муцунски со цврста поддршка за сојузниците

СВЕТ
28 февруари 2026

Синот на последниот ирански шах Реза Пахлави прогласи „крај на Исламската Република“ по смртта на ајатолахот

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
28 февруари 2026

Трамп објави дека „Хамнеи е мртов“

СВЕТ
28 февруари 2026

САД: Понудивме на Иран бесплатно нуклеарно гориво, но тие одбија

СВЕТ
28 февруари 2026

Нетанјаху и Трамп виделе фотографија од телото на Али Хамнеи по израелски воздушен удар врз Техеран

СВЕТ
28 февруари 2026

Централната команда на САД ја потврди операцијата „Епски Бес“ по првите удари

МАКЕДОНИЈА
28 февруари 2026

Муцунски со израелскиот министер: Поддршка за напорите кон Иран и повик за стабилност

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
28 февруари 2026

Израелската армија соопшти за најголемата воздушна операција во својата историја

МАКЕДОНИЈА
28 февруари 2026

Трајковски: Дали УДБА може да предизвика нова политичка бура?

МАКЕДОНИЈА
28 февруари 2026

Андонов од „Почетна Пресметка“: Народот да одлучи за внесувањето на Бугарите во Уставот

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега