МАКЕДОНИЈА

Филипче: Ова не е промената која граѓаните ја бараа – Понижени се работниците, земјоделците и младите

23 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Во првата година од мандатот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, Македонија наместо напредок, сведочи на длабоко разочарување и пад на колективното достоинство. Ова е пораката што ја упати поранешниот министер и потпретседател на СДСМ, Венко Филипче, на трибината насловена „Македонија понижена – Една година Влада“.

„Денес, по една година владеење на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, вистината е болна, но мора јасно и недвосмислено да се каже: Македонија не е горда – Македонија е понижена,“ изјави Филипче.

Тој остро ја критикуваше актуелната власт за, како што рече, систематско уривање на надежта кај работниците, земјоделците и младите – токму тие категории кои најмногу очекуваа промени и подобрување на квалитетот на животот.

„Понижени се работниците, понижени се земјоделците, понижени се младите кои се надеваат на својата иднина дома. Една година беше доволно време да се види дека ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт со голема лага. И денес, граѓаните тоа го чувствуваат секојдневно,“ рече Филипче.

Во своето обраќање, тој истакна дека низ директни средби со граѓани, постојано ја слуша истата порака: без достоинствени плати, без перспектива и без правна држава – нема вистински живот.

„Доброто управување почнува со слушање на народот. А оваа Влада не само што не слуша, туку ја игнорира болката и гневот. Работи исклучиво за себе и за својата привилегирана елита. Народот е оставен сам, со институции кои наместо сервис, стануваат алатки за притисок,“ предупреди Филипче.

Според него, постојниот режим на владеење се одликува со бесчувствителност, ароганција и целосно отуѓување од реалноста во која живее мнозинството.

„Имаме Влада што ги заборави луѓето. Премолчи кога беше потребно да застане зад нив. Се заканува, притиска, ги запира медиумите и партизира сè – од училиштата до болниците. Ова не е промената која граѓаните ја бараа,“ заклучи Филипче.

Трибината заврши со апел до сите граѓани да не молчат пред неправдата, и да останат будни и гласни во одбраната на своето достоинство, бидејќи, како што рече Филипче, „Македонија заслужува повеќе, а не ова горчливо секојдневие“.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени