16 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Гостивар испрати порака за единство и остро ја критикуваше актуелната власт, обвинувајќи ја дека преку национализам и поделби се обидува да го прикрие сопствениот неуспех.
„Овој град знае дека силата е во заедништвото, не во поделбите,“ порача Филипче на митингот во Гостивар. Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ ја користи политиката на поделби за да го одвлече вниманието на граѓаните од економските и социјалните проблеми.
„Тие што денес владеат се обидуваат да не разделат – со лаги, со поделби, со национализам што треба да ја прикрие нивната неспособност“, додаде Филипче.
Лидерот на СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека ја претставува економијата во лажно светло.
„Реалноста е дека буџетот е во дупка од 1,4 милијарди евра, јавниот долг достигнува над 62 проценти од БДП – највисоко ниво во регионот. Капиталните инвестиции се помалку од половина реализирани, а странските инвестиции скоро и да ги нема,“ истакна тој.
Филипче посочи дека минималната плата и натаму е меѓу најниските во регионот, пензионерите добиле помалку од ветеното, а студентите и земјоделците останале без соодветна поддршка.
„Над илјада студенти се без студентски оброк, ваучерите од 250 евра ги нема, а земјоделците во Полог се оставени сами – субвенциите се намалени, а откупните цени паднати,“ рече тој.
Филипче го истакна Гостивар како пример за мултиетнички соживот и меѓусебна почит, велејќи дека токму од овој град ќе започне обновата на вредностите што биле системски разорени.
„Гостивар е симбол на достоинство и заедништво. Од тука ќе ја започнеме обновата на вредностите што не обединуваат,“ порача тој.
На трибината во Маврово и Ростуше, Филипче се осврна и на последните препораки на Венецијанската комисија, нагласувајќи дека реформите во правосудството се итно потребни.
„Јасно е дека без независно судство нема праведна држава. Нашите предлози за реформските закони не се ни разгледани. Ниту еден од 12-те закони од реформската агенда не е поднесен во Собрание,“ рече Филипче.
Завршувајќи го своето обраќање, Филипче повика на сплотеност и обновување на довербата меѓу граѓаните:
„Само заедно можеме да ја вратиме државата на вистинскиот пат – на стабилност, достоинство и просперитет.“
Филипче: Оваа влада не ги решава проблемите на граѓаните, туку ги игнорира
ШОК СНИМКИ: Градоначалник барал бакнежи и жени во скут – јавноста згрозена
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден