МАКЕДОНИЈА

Филипче: Наместо економски бум, С. Македонија тресна на дното на Европа

19 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во вечерашното обраќање остро ја критикуваше актуелната владејачка гарнитура, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи на, како што рече, драстичен пад на поддршката за оваа партија, економски неуспеси и лицемерие во водењето на државата.

„Нашите информации покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ веќе изгубила околу 100.000 гласови. Тоа е историски пад, дебакл што не се памети во ваков краток рок“, изјави Филипче, алудирајќи на разочарувањето на граѓаните од владините политики.

Според него, наместо реални резултати, Владата спроведува агресивна медиумска кампања со која се обидува да ја прикрие вистинската слика во земјата.

„Се затрупуваат граѓаните со информации, со ПР и пропаганда дека се случува економски бум. А реалноста е сосема поинаква – бумот го слушнавме кога треснавме на земја. Евростат објави податоци според кои Македонија е на последното место во Европа по економски раст“, подвлече Филипче.

Тој го обвини премиерот Мицкоски за дволичност, велејќи дека говори за вредности, транспарентност и отчетност, но дека реалноста го демантира на секој чекор.

„Ако институциите навистина работат во интерес на граѓаните, нема потреба да се зборува за тоа. Резултатите ќе бидат очигледни сами по себе. Кога институциите се чесни и ефикасни, не се потребни празни приказни“, нагласи лидерот на СДСМ.

Филипче ја заклучи својата изјава со критика кон фокусот на Владата на споредни теми, како фотелји, клупи и друг вид симболика, наместо на суштинските проблеми на граѓаните.

„Факт е – оваа власт не работи чесно и транспарентно. И затоа, граѓаните веќе не им веруваат“, рече тој.

Оваа изјава доаѓа во време на зголемена политичка тензија и економска неизвесност, кога очекувањата на јавноста од институциите се на високо ниво, а критиките кон владејачката структура сè погласни.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени