МАКЕДОНИЈА

Филипче: Младите не смеат да ги враќаат долговите од 7 милијарди направени за бизнис интерес на власта

23 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати остра критика кон актуелната власт за време на своето обраќање пред младите социјалдемократи, обвинувајќи ја за енормно задолжување на државата и негрижа кон иднината на младите генерации.

Филипче потенцираше дека Македонија е задолжена со повеќе од 7 милијарди евра, пари кои, според него, се земени на „сомнителен начин“, без јасен отчет и без забележителен развој. Тој ја осуди оваа пракса како длабоко неморална и опасна, посочувајќи дека токму младите – па дури и идните, неродени генерации – ќе ги сносат последиците од ваквата политика.

„Страшно ми е што сите вие, младите, па дури и вашите неродени деца треба да враќаат седум милијарди евра коишто се земени на којзнае каков, на сомнителен начин. Тоа е недозволиво“, изјави Филипче.

Тој ја обвини актуелната власт за нефункционален систем кој, како што рече, им ги скратува шансите на младите да успеат преку сопствени заслуги. Наместо можности и перспектива, се нуди клиентелизам и корупција.

„Целосно неодговорна власт. Ниту има опции, ниту има можности, ниту има какви било индикатори за светла и добра иднина на младите. Единствено нешто што треба да имате е партиска книшка“, рече тој.

Филипче иронично го критикуваше фактот што, според него, е можно да се добие работа со фалсификувана диплома и без потребните квалификации, додека вистинските вредности и знаење се маргинализираат.

„Тоа значи дека сценариото е – да добиете работа со купена диплома, без полагање англиски, со документ од студиото Јулија од Бугарија. И никому, ама баш никому, око да не му трепне“, истакна тој.

Со ваквите изјави, лидерот на СДСМ го заострува политичкиот дискурс, нагласувајќи ја потребата од системски промени и одговорност пред граѓаните, особено пред младите кои, според него, се жртви на погрешните политики и кратковидите интереси на власта.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени