МАКЕДОНИЈА

Филипче: Мицкоски е скапо платен извршител на странски интереси против Македонија

04 јули 2025

• од Вардарски

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), д-р Венко Филипче, упати жестоки обвинувања кон премиерот Христијан Мицкоски, нарекувајќи го „скапо платен спроведувач на интересите на држави кои не ѝ мислат добро на Македонија“.

На трибината „Мугра на Слободата“ во Крушево, Филипче оцени дека за само една година владеење, ВМРО-ДПМНЕ ја заглавила Македонија на меѓународен план и ја претворила во заложник на странски интереси.

„За една година ВМРО-ДПМНЕ ја заглави државата на меѓународен план. Од држава со јасна иднина напред, станавме држава заложник на туѓи интереси кои ја раководат оваа власт преку финансиско заложништво. Мицкоски е скапо платен спроведувач на политики на држави кои не ѝ мислат добро на Македонија, туку ја гледаат само како поле за своите геостратешки интереси“, изјави Филипче.

Тој дополнително предупреди дека задолжувањата направени од актуелната влада се сериозен удар врз иднината на земјата.

„Долговите од 7 милијарди евра ќе бидат камен околу вратот за секој млад човек и за развојот на државата во следните 10 години. Ова е вистинско предавство на националните интереси, вистинско предавство на државата“, рече тој.

Филипче го обвини Мицкоски и за киднапирање на европската перспектива на Македонија, нагласувајќи дека државата е турната во амбис на криминал, корупција и самоволие.

„Со оваа власт, европската иднина на Македонија е ставена во заложништво“, потенцираше лидерот на СДСМ пред присутните граѓани во Крушево.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени