11 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, остро реагираше на денешната прес-конференција поради изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за загадувањето на воздухот во главниот град. Според него, ваквиот однос на власта кон проблемите на граѓаните е скандалозен и недоличен.
Филипче потсети дека жителите на Скопје веќе десет дена се соочуваат со тешка ситуација поради пожарот во Вардариште и неколкудневниот пожар во депонијата Дрисла. „Граѓаните практично се гушат“, нагласи тој, додавајќи дека изјавата на премиерот – оти можеби изгледало загадено, но немало доволно честички – претставува навреда за здравиот разум.
„Луѓето знаат како дишеа синоќа, вчера, пред два дена. Таквиот став на власта е непочитување на граѓаните“, истакна Филипче.
Лидерот на СДСМ предупреди дека е сериозно загрозено здравјето на жителите, особено на оние кои живеат во околината на Дрисла и Вардариште. „Мајките во Аеродром и соседните населби ги прибираа децата дома, вклучуваа прочистувачи за воздух, а власта не презема ништо“, рече тој.
Филипче посочи дека разликата помеѓу политичка грешка и недостиг на капацитет е голема, но дека она што се случува денес е уште поопасно – целосно игнорирање на проблемите на граѓаните. „Досега ниту една влада во Македонија не се однесувала вака со секојдневните проблеми на граѓаните“, додаде тој.
Преку оваа изјава, Филипче уште еднаш го алармира јавниот интерес околу еден од најгорливите проблеми во Скопје – загадувањето на воздухот и непостоењето на конкретни мерки за негово надминување.
BULGARIA 2025: НАТО и Бугарија покажаа единство и сила во справувањето со кризи
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден