09 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија, Венко Филипче, предупреди дека економската состојба во државата значително се влошува и дека јавните финансии се соочуваат со сериозни проблеми. На регионална средба со општинските организации од Изборната единица 4, одржана во Струмица, тој истакна дека ваквите состојби веќе почнуваат да се одразуваат и врз работењето на компаниите.
Според Филипче, буџетскиот дефицит постојано расте, додека државата продолжува да се задолжува со нови кредити.
„Ја следиме состојбата со јавните финансии. Владата бара нови кредити, а последниот е во висина од околу 300 милиони евра. Дупката во буџетот е околу две милијарди евра. Издадена е и еврообврзница од една милијарда евра, но тоа не е доволно“, изјави Филипче.
Тој нагласи дека владата доцни со подмирување на обврските кон стопанството, што веќе создава сериозни проблеми во приватниот сектор. Според неговите проценки, доцнењето на исплатите кон економските субјекти достигнува меѓу 500 и 600 милиони евра.
Дополнително, околу 100 милиони евра изнесува долгот за поврат на Данок на додадена вредност кон компаниите. Филипче посочи дека дел од фирмите веќе се принудени да земаат кредити за да опстанат, а некои од нив дури и ги затвораат своите бизниси.
„Компаниите со години функционираа со средствата од повратот на ДДВ. Сега, поради доцнењата, тие земаат кредити, се задолжуваат и во одредени случаи ги затвораат компаниите“, рече тој.
Филипче предупреди и дека ваквата финансиска состојба може да ја доведе во прашање редовната исплата на платите и пензиите. Според него, со оглед на актуелните економски показатели, постои ризик ситуацијата дополнително да се влоши во текот на есента, особено поради геополитичките случувања на Блискиот Исток.
Денеска 9 март 2026 година се празнува Наоѓањето на главата на Свети Јован Крстител
Саше Политико: УДБА е премногу укопана за Заев да го решeше бугарското прашање
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

