14 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Состојбата по големиот пожар што вчера избувна во скопското село Трубарево е сериозна и бара итна, координирана реакција од институциите, порача лидерот на СДСМ, д-р Венко Филипче.
Тој преку објава на социјалните мрежи нагласи дека граѓаните имаат право да знаат што дишат и со што се трујат, како и дека државата мора да ги заштити. „Тоа е основно човеково право, а должност на институциите е да го обезбедат“, истакна Филипче.
Филипче повика на преземање на неколку итни чекори за справување со последиците:
Лидерот на СДСМ оцени дека зоната од 400 метри околу местото на пожарот е недоволна и апелираше за воспоставување заштитна зона од 500 до 2.000 метри. Во неа, според него, треба да има јасни протоколи:
Филипче побара и поставување мобилни мерни станици за следење на загадувањето во реално време, особено во правците на ветерот. Дополнително, предложи долгорочно следење на квалитетот на почвата и водата, како и издавање препораки до граѓаните – дали смеат да користат земјоделски производи, дали е потребна дезинфекција на јавни површини и какви мерки можат сами да преземат.
„За крај, потребна е целосна истрага за тоа што се случи, зошто немало контрола, каде затаиле протоколите и кој ќе понесе одговорност,“ порача Филипче, додавајќи дека граѓаните очекуваат одговори и решенија, а не конфузни изјави и политички спинови.
Чупеска: Владата се крие зад „хибридни напади“ наместо да решава проблеми
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден