МАКЕДОНИЈА

Филипче: Ако Мицкоски продолжи вака, ни Господ нема да му помогне

01 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, жестоко го критикуваше премиерот Христијан Мицкоски и владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ги за економска катастрофа и отстапување од европскиот пат на државата. Говорејќи на трибина организирана од Социјалдемократската младина во Струмица, Филипче изјави дека политиките на актуелната власт ги загрозуваат иднината и перспективите на младите.

„Залудно е што премиерот во Будимпешта ја цитира Библијата, кога дома ја урниса економијата“, порача Филипче, додавајќи дека Владата предводена од Мицкоски предизвикала раст на цените, намалување на субвенциите во земјоделството и енормно задолжување на државата.

Според него, досегашните економски потези на владата резултирале со јавен долг од седум милијарди евра, средства кои, како што тврди, се веќе однапред распределени на странски компании блиски до власта. „Се постави систем кој им служи само на ВМРО-ДПМНЕ и нивните подизведувачи“, истакна тој.

Филипче предупреди дека ова задолжување ќе остане како товар на идните генерации и ги повика младите да се ангажираат во борбата за подобра иднина и враќање на Македонија на европскиот пат. Тој го осуди отстапувањето од европската агенда и нагласи дека државата мора да се врати на патеката што води кон членство во Европската Унија.

„Ако Мицкоски продолжи вака, ни Господ нема да му помогне“, заврши Филипче со остро предупредување.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени