09 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Арбен Фетаи, на собирот во Боговиње изјави дека Македонија се соочува со опозиција која ја изгубила насоката и не нуди никакви решенија за граѓаните.
„Имаме работа со опозиција која е деструктивна. Во изминатите 15 месеци, откако сме во влада, тие не поднесоа ниту една иницијатива во Собранието. Наместо да придонесуваат, тие само критикуваат и ширеа пропаганда“, рече Фетаи.
Тој потсети дека на почетокот опозицијата тврдеше дека Владата ќе падне за еден месец, потоа за три месеци, но тоа не се случи. „Нè напаѓаа од сите страни, а кога ќе ги прашаш нивните поддржувачи како се ‘дешкиптаризирале’ институциите, немаат одговор. Во меѓувреме, реализиравме над 2.300 вработувања и 700 унапредувања“, нагласи Фетаи.
Фетаи истакна дека владата успеала да спроведе проекти што опозицијата не ги направила за повеќе од две децении. „Го донесовме Законот за правична застапеност, еден од столбовите на Охридскиот рамковен договор, и тоа во рок од само шест месеци“, истакна тој.
Според Фетаи, токму луѓето од опозицијата се тие што го промовирале проектот „Отворен Балкан“ и овозможиле влез на српски банки со свои акции во земјата.
„Откако Таравари се повлече, имавме разговор со Албин Курти. Тој ни рече: ‘Не се корумпирајте, затоа што кој се корумпира завршува кај Србија, исто како овие’. Тоа беше порака што сите треба да ја запомниме“, нагласи Фетаи, додавајќи дека борбата против корупцијата ќе биде еден од клучните приоритети на нивното движење.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден