12 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Претставникот на Движењето Арберија, Беким Фазлиу, реагираше на изјавата на претседателот на Уставниот суд, оценувајќи дека во Северна Македонија изворот на политички и институционални кризи се променил, но проблемите останале.
Според Фазлиу, пред 2001 година главниот извор на кризата во државата бил самиот Устав. По настаните од 2001 година, како што вели, нов фактор што создава кризни ситуации сè почесто станува Уставниот суд.
За да се разбере оваа реалност, Фазлиу се повикува на познатата изјава на покојниот албански политичар Арбен Џафери, кој своевремено забележал дека во Македонија постои парадокс во функционирањето на институциите.
„Во Македонија, она што ти го дозволува Уставот, ти го оневозможува законот; она што ти го дозволува законот, ти го оневозможува еден обичен македонски администратор кога ќе се обидеш да го реализираш едно граѓанско право“, гласи неговата изјава.
Фазлиу смета дека денес на овој парадокс му е додаден уште еден, според него уште поапсурден: она што го дозволува Уставот, сега може да биде оневозможено токму од Уставниот суд.
Во својата реакција тој се осврнува и на улогата на албанската политика во изминатите две децении. Според него, сè уште не е јасно што конкретно направиле албанските политички претставници по 2001 година во однос на институционалното зајакнување на правата на Албанците.
Фазлиу оценува дека доколку политиката во овие години успеела да изгради стабилни институционални механизми за заштита на правата на Албанците, наместо да се фокусира на функции и тендери, голем дел од денешните отворени прашања немало да постојат.
Реакцијата на Фазлиу беше објавена како статус на неговиот профил на Фејсбук.
Беким Фазлиу: Ако „Фармата на животните“ беше за РСМ, ќе имаше и Уставна штала
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

