18 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Европскиот фронт влегува во нова фаза со ребрендирање и ќе настапи на локалните избори закажани за 19 октомври под новото име и лого – Национална алијанса за интеграција (НАИ). За оваа промена јавноста беше информирана преку објава на социјалната мрежа Фејсбук од страна на лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети.
Во својата порака, Ахмети нагласи дека Албанците во земјата се соочуваат со предизвици и намалена почит од актуелната власт, за која вели дека „нема албански етнички легитимитет“. Тој додаде дека и покрај тешките времиња, европската перспектива останува врвен приоритет на ДУИ.
„Денес е потребно единство, прво меѓу сите Албанци, кои треба да бидат заедно еден за друг, но и меѓу сите оние кои веруваат дека можеме да изградиме подобра иднина за нашите деца,“ истакна Ахмети.
Ахмети порача дека иднината на земјата лежи во интеграцијата во „големото европско семејство“. Тој потсети на потребата од надминување на поделбите и сеќавањата од „горчливото минато“ за да се изгради заедничка иднина.
„Ова е заветот на победа, вера и европска интеграција. Здружените раце се нашата порака: само заедно ја градиме иднината што ја заслужуваме,“ напиша тој.
Иако Европскиот фронт се ребрендира во НАИ, дел од коалициските партнери решија да настапат самостојно или да се повлечат од изборниот процес. Демократската партија на Турците најави самостојно учество на локалните избори, додека Демократската партија на Албанците (ДПА) на Мендух Тачи нема да учествува со свои листи за градоначалници и советници.
СДСМ: Злоупотребите на милиони евра од Еразмус+ водат директно до ВМРО-ДПМНЕ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден