02 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Европратеникот Андреј Ковачев од Европската народна партија (ЕНП/ГЕРБ-СДС) изјави дека Бугарија испраќа јасен и силен сигнал на единство кога станува збор за европската перспектива на Република Северна Македонија. Во гостувањето во емисијата „Денят започва с Георги Любенов“, тој нагласи дека нема спор меѓу двете држави, туку постои европски консензус од 2022 година кој го поддржале сите 27 земји-членки на Европската Унија. Овој консензус, според него, е основата за интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ и е прифатен и од претходната влада во Скопје.
„Ова е држава што треба да покаже институционална последователност, без разлика кој е на власт. Дури и ако не им се допаѓа во Скопје, тие се обврзани да го почитуваат меѓународното право – како со Договорот со Бугарија, така и со консензусот од 2022 година“, истакна Ковачев.
Тој додаде дека не станува збор за бугарска блокада, туку за неизвршени обврски од страна на Скопје:
„Категорично сум против тврдењата дека Бугарија блокира. Ние не блокираме ништо – тие не го исполнуваат договореното. Проблемот не е во нас.“
Европратеникот потсети дека францускиот предлог и натаму останува гарант за европската интеграција на Северна Македонија. Тој остро ја критикуваше моменталната дипломатска стратегија на државата, нарекувајќи ја губење на време и ресурси.
„Наместо да го спроведат тоа што е договорено и што е во интерес на сопствените граѓани, тие лобираат низ САД, Европа и Брисел за да го променат консензусот од 2022 година. Тоа не е само неефикасно, туку и штетно – губат финансиски средства, време и дипломатска енергија“, рече Ковачев.
Во геополитички контекст, тој посочи дека интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е неопходна за спречување на влијанија од трети страни како Кина и Русија.
На крајот, Ковачев упати јасен повик до новиот премиер на Северна Македонија, Християн Мицкоски:
„Работете на тоа што веќе е прифатено – тоа е во интерес на граѓаните и на иднината на земјата. Тоа е единствениот цивилизиран и одговорен пристап во модерната европска политика.“