07 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Психијатриската болница во Бардовци денеска беше евакуирана откако пожар кој избувнал во населбата Геге се проширил кон дворот на установата. Според информации од Центарот за управување со кризи (ЦУК), огнената стихија зафатила дел од дворот на болницата, кој бил обраснат со висока сува трева и дрвја, со што се создала сериозна опасност пожарот да се прошири врз целиот болнички комплекс.
„Пожарот претставуваше закана за целиот објект. Заради безбедност, веднаш беше спроведена евакуација на сите пациенти и вработени, кои безбедно се изнесени надвор од кругот на болницата“, соопштија од ЦУК.
Во гаснењето се вклучиле дополнителни сили од Бригадата за противпожарна заштита, а биле побарани и ресурси од хеликоптерската единица на Министерството за внатрешни работи.
„Се разгледуваше можноста да се пренасочи воздушната поддршка, која дејствуваше кај Блаце во Општина Чучер Сандево, но во моментот пожарот во Бардовци е ставен под контрола, па нема потреба од дополнителна помош од воздух. Хеликоптерот на МВР останува ангажиран кај Блаце“, информираат од ЦУК.
За среќа, при настанот нема повредени лица, а надлежните апелираат на внимателно постапување и почитување на мерките за заштита од пожари, особено во летниот период кога ризикот е најголем.