21 февруари 2026
• од Гоце Кически
По повод четвртата годишнина од целосната руска инвазија врз Украина, Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија најави специјална проекција на наградуваниот документарен филм „Порцеланска војна“.
Како што информираат од Делегацијата преку социјалните мрежи, настанот ќе се одржи во вторник, на 24 февруари, со почеток во 18:00 часот, во кино „Фросина“ при Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Проекцијата ќе биде на англиски јазик.
Филмот „Порцеланска војна“ е добитник на награда на фестивалот Санденс за 2024 година и е номиниран за Оскар во категоријата најдобар документарен филм. Делото ја обработува украинската отпорност и кревкоста на земјата во услови на воена агресија.
Во објавата се истакнува и пораката од филмот: „Украина е како порцелан — лесно се крши, но невозможно е да се уништи“, со покана до јавноста да го погледне официјалниот трејлер за „Porcelain War“.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

