04 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека потрошувачката на вода во градот е енормно зголемена, особено во попладневните часови. Се полеваат бавчи и ниви, се перат возила и се полнат базени без контрола, што дополнително го оптоварува водоснабдувањето.
Само на 23 јуни 2025 година биле потрошени рекордни 356.000 кубни метри вода, што значи просечно 700 литри по жител. Претпријатието апелира до граѓаните да ја користат водата совесно и рационално, а сите што ќе забележат див приклучок да го пријават на телефонскиот број 02 3073 010, преку е-пошта на kontakt@vodovod-skopje.com.mk или на веб-страницата www.vodovod-skopje.com.mk.
Од „Водовод и канализација“ предупредуваат дека дивите приклучоци нанесуваат директна штета на системот и влијаат врз квалитетот на водоснабдувањето за сите корисници во Скопје.