03 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Битолската активистка за правата на Бугарите во Северна Македонија, Ели Секуловска, преку објава на својот Фејсбук профил предизвика бурни реакции, откако директно ги оспори официјалните македонски наративи за историскиот идентитет на населението пред 1945 година.
„До 1945 година бевте Бугари!“, напиша Секуловска, обраќајќи се кон денешните Македонци, кои според неа одбиваат да прифатат дека нивните предци се изјаснувале како Бугари. Таа потсети дека по 1945 година, многумина од интелигенцијата, вклучувајќи дел од учесниците на АСНОМ, биле прогонети, судени или убиени, при што во архивските досиеја стои дека се воделе како Бугари пред да бидат прогласени за Македонци.
„На кој АСНОМ се потпирате вие?“, прашува Секуловска во статусот, критикувајќи ги современите политички и историски интерпретации. Таа посочи и дека голем број од учесниците во Илинденското востание и комитите по 1912 година се преселиле во Бугарија или Америка, каде што ја формирале Македонската патриотска организација (МПО).
Во завршницата на статусот, таа се осврна и на македонската политичка елита, потсмевајќи се на нивното присуство на инаугурацијата на Доналд Трамп, каде, според неа, изгледале како „залутани“. Секуловска додава дека во САД постојат адвокати од македонско потекло кои се блиски до Трамп, но кои, како што тврди, не сакаат да имаат ништо заедничко со сегашните македонски политичари.