20 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Во екот на новиот застој на заедничката македонско-бугарска историска комисија, остар јавен став изнесе Ели Секуловска – активистка од Битола и гласен борец за правата на Бугарите во Северна Македонија. Таа реагираше бурно на одбивањето на македонската страна да прифати заедничко чествување на Никола Карев, еден од најпознатите актери од Крушевската Република.
„Историската комисија запнала околу заедничкото чествување на Никола Карев?!!!“, изјави Секуловска во своето обраќање, со доза на недоумие и огорченост. Според неа, одбивањето на македонските историчари да се соочат со целосната биографија и потекло на Карев и неговото семејство претставува „шизофренична политика“ што нанесува „огромна штета на младите генерации“.
Секуловска потсетува дека Никола Карев, потекнува од Крушево, каде неговото семејство било истакнато и активно во јавниот живот. Таа открива и детали за трагичната судбина на неговиот брат, кој, како што тврди, бил кмет на Крушево за време на Втората светска војна (1941–1944), по што бил затворен, измачуван и убиен во затворот Идризово на брутален начин – со смртоносна воздушна инекција под изговор дека добива витамини. Според Секуловска, телото му било закопано во плиток гроб на островче на Вардар, кое, тврди таа, денес е „намерно уништено од властите“.
„Наредбата за елиминација ја дал Злате Билјановски“, изјавува таа, притоа посочувајќи дека и другиот брат на Карев завршил во затвор, што според неа е доказ за систематско прогонување врз основа на етничка и политичка припадност.
Секуловска не го поштеди ни претседателот на македонската комисија, Ѓорѓи Литовски, нарекувајќи го „амбициозен и алчен“, сомневајќи се во неговата стручност и објективност. „Ова е шизофренија“, заклучува таа, повикувајќи се на потребата за интервенција од странски историчари – српски, хрватски и бугарски – за да се „каже вистината“ и да се стави крај на „едностраната и штетна историска догма“.