03 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Ели Секуловска, битолска активистка за правата на Бугарите во Северна Македонија, преку потресен фејсбук статус ја раскажа трагичната судбина на нејзиното семејство од 1949 година, обвинувајќи ја тогашната УДБа за брутални тортури и уништување на десетици животи.
„Ми се кочи раката кога пишувам за злосторствата направени врз мојата фамилија во 1949 година“, започнува Секуловска во сведоштвото, во кое опишува како нејзиниот татко и двајцата стриковци, како мали деца, биле однесени во просториите на УДБа, каде што нивните родители — нејзините баба и дедо — биле врзани за столици и испрашувани за пари.
Таа особено го посочува „Нижеполецот“, функционер на таа служба, за кого вели дека „не бил нормален“ поради свирепите методи на испрашување. „Кога го однеле татко ми, си ги видел баба ми и дедо ми врзани за столици, свртени еден наспроти друг, а тој ги испрашувал каде им се парите“, раскажува Секуловска.
Сцените што ги опишува се шокантни — татко ѝ бил разделен од родителите, а баба ѝ била ставена во соседна соба за да го слуша неговиот детски плач. Според Секуловска, нејзиниот татко никогаш целосно не зборувал за тоа што го преживеал таму, спомнувајќи го тоа само пред смртта.
Во продолжение, таа раскажува како најмладиот стрико, кој тогаш имал само една година, се разболел од менингитис откако биле исфрлени од својата куќа на 20 февруари 1949 година, во екстремна студенина.
„Не уапсија сите, не носеа по Голи Оток, Добој, Идризово. Десет луѓе уништија. Некои убиени, а другите како да беа убиени“, пишува Секуловска.
Таа ги обвинува тогашните власти за идеологија мотивирана од пари и додава: „Нижеполецот и неговата жена ја украдија Битола.“
Во еден од најемотивните делови од статусот, Секуловска ја критикува и денешната перцепција за македонскиот идентитет, изразувајќи разочараност и бес:
„Нема многувековен идентитет. Нема Илинден. Нема АСНОМ. Многувековен идентитет за овој народ кој им аплаудираше на тие кои апсеа деца? Неееееееееееее. Вие сте грешка на природата. Идете у три лепе материне.“
Сведоштвото на Секуловска повторно ја отвора болната тема за репресиите во периодот по Втората светска војна и тешките судбини на семејствата обвинети за бугарофилство или соработка со бугарските власти, тема која и денес предизвикува длабоки поделби во македонското општество.