31 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Зоран Ефремов, член на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор во Агенцијата за разузнавање, како и поранешен началник во МВР, во гостување во емисија на Инфомакс изнесе сериозни обвинувања на адреса на лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.
Во интервјуто, Ефремов беше директно прашан за чија служба и во чиј интерес работи Мицкоски. Според него, политичкото дејствување на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е јасно насочено кон надворешни центри на моќ.
„Не треба многу да се размислува. Мицкоски и неговото политичко делување се на линија Скопје–Белград–Будимпешта. Будимпешта и Белград се синоним за Москва на Балканите. Не мислам дека е потребно повеќе да елаборирам“, изјави Ефремов во гостувањето на Инфомакс.
Покрај геополитичките квалификации, Ефремов упати и лични критики кон Мицкоски, оценувајќи дека тој не поседува капацитет за сериозно политичко дејствување. Според него, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е „човек што залутал во политиката“ и „дустабанлија за политика“, кој, како што тврди, не заслужува внимание во јавниот простор.
Во продолжение на критиките, Ефремов го обвини Мицкоски и за неетички финансиски практики, наведувајќи дека тој доаѓал до финансиски средства „на најбезобразен начин“, оценувајќи го неговото делување како „коњократство со бизниси“ со цел обезбедување лични финансии.
Изјавите на Ефремов предизвикаа реакции во јавноста и повторно го отворија прашањето за внатрепартиските несогласувања и надворешнополитичките ориентации во рамки на ВМРО-ДПМНЕ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

