08 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Општина Чучер Сандево прогласи вонредна состојба поради сериозната ситуација со активните пожари кои веќе неколку дена беснеат на нејзината територија. Одлуката ја соопшти градоначалникот Сашко Комненовиќ во видеообраќање до жителите на општината и пошироката јавност.
Според информациите, досега се целосно изгорени две викендички, а пожарот зафати густа нискостеблеста и мешана шума на многу непристапен терен. Ситуацијата дополнително се комплицира поради силниот ветер, кој го отежнува гаснењето.
„Состојбата е сериозна и бара вклучување на сите расположливи ресурси“, истакна Комненовиќ, нагласувајќи дека и натаму пожарот е надвор од контрола. Тој ја посочи и бавната реакција на надлежните институции како дополнителен проблем во справувањето со огнената стихија.
„Во вакви моменти секоја минута е важна и пресудна. Мојата цел не е да критикувам, туку да алармирам. Вчера Владата презентираше некаква подготвеност со ‘хермелините’. Зошто досега не се употребени?“ запраша Комненовиќ, додавајќи дека на теренот видел само едно вакво возило.
Според него, пожарите се активни на три различни локации – во близина на Блаце, Чучер и други делови од општината, а и покрај ангажманот, засега не е постигната контрола врз пламените јазици.
Општинските власти апелираат за итна интервенција и мобилизација на сите државни ресурси со цел да се спречи натамошно ширење на пожарите и да се заштити имотот и безбедноста на граѓаните.
Инфлацијата достигна 4,5% – СДСМ обвинува за економска неспособност на Владата
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден