МАКЕДОНИЈА

Дурмиши: Нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи

15 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, изјави дека нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи по истекот на владините мерки за ограничување на цените. Според него, состојбите на пазарот внимателно се следат од страна на Државниот пазарен инспекторат.

Во текот на мај, по завршувањето на антикризните мерки на 30 април, инспекторите ја следеле динамиката на цените кај производителите, дистрибутерите и во трговијата на мало. Целта била да се утврди дали има неправедни или нагли покачувања, особено кај основните прехранбени производи.

„Нема драстично зголемување на цените во делот на основните прехранбени производи, каде што ние сме надлежни“, нагласи министерот Дурмиши, додавајќи дека инспекторатот секој месец ќе продолжи со теренски контроли. Доколку се утврди неоправдано енормно зголемување на цените од страна на трговците, тој најави воведување на построги мерки.

Изјавата ја даде при средба со граѓаните во Тетово, организирана по повод промоцијата на новиот Оперативен план за вработување за 2025 година.

Претходно, Владата на 20 февруари, по предлог на Министерството за економија и труд, донесе мерка со која беа ограничени трговските маржи за 100 категории производи, а беше замрзната цената на осум основни артикли. Мерката важеше до крајот на април, со цел заштита на куповната моќ на граѓаните.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени