12 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Владата продолжува да ги игнорира предупредувањата и да останува глува на ризиците што го загрозуваат животниот стандард на граѓаните, без да преземе конкретни мерки за нивна заштита од новиот бран поскапувања, реагираат од Демократската унија за интеграција (ДУИ).
Според партијата, сите професионални прогнози и движењата на меѓународните енергетски берзи укажуваат дека од следниот понеделник се очекува ново и значително зголемување на цените на нафтените деривати. Овој раст, предупредуваат од ДУИ, може да предизвика нов бран поскапувања на производите и услугите, што дополнително ќе го оптовари буџетот на семејствата и работењето на компаниите.
Од партијата повторно ги повикаа надлежните институции сериозно да ги разгледаат нивните предлози, кои, како што велат, биле презентирани пред неколку дена со цел да им се помогне на граѓаните и бизнисите и да се спречи нов ценовен удар.
„Доколку за спроведување на овие мерки се потребни одлуки преку Собранието, ДУИ уште еднаш изразува подготвеност за целосна поддршка, со цел оваа криза да не падне врз товарот на граѓаните на Република Северна Македонија“, се наведува во реакцијата.
Беким Фазлиу: Ако „Фармата на животните“ беше за РСМ, ќе имаше и Уставна штала
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

