25 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Најновата одлука на министерот Стоилковиќ за отпуштање на петмина албански вработени во Министерството за односи меѓу заедниците отвора сериозни прашања за начинот на управување со јавните институции и почитувањето на владеењето на правото во државата, реагираат од Демократската унија за интеграција (ДУИ).
Според партијата, достапните информации укажуваат на спорен процес, како од процедурен, така и од материјален аспект.
ДУИ наведува дека дисциплинската постапка била спроведена надвор од законски предвидените рокови, што ја прави правно невалидна. Дополнително, одлуката била донесена без доволно докази и без јасно утврдена индивидуална одговорност. Од партијата посочуваат и на сериозни индиции дека аргументите и оправдувањата биле дополнително конструирани за веќе донесена одлука.
„Изречената мерка – прекин на работниот однос – е непропорционална во однос на наводите“, оценуваат од ДУИ.
Според нив, ваквите елементи укажуваат на опасен модел на одлучување. Кога министер носи одлуки без почитување на законските рокови, без цврсти докази и со сериозни последици за граѓаните, станува збор за арбитрарност.
Дополнителна чувствителност на случајот, велат од ДУИ, е фактот што станува збор за петмина албански вработени, што наметнува потреба од целосна транспарентност. Особено, нагласуваат тие, во институција чија основна мисија е унапредување на односите меѓу заедниците, секоја одлука мора да биде надвор од сомнеж за пристрасност.
ДУИ бара:
„Институциите не смеат да функционираат врз селективни и правно неосновани одлуки. Секое отстапување од процедурите создава несигурност кај вработените и ја нарушува довербата на граѓаните“, велат од партијата.
Од таму додаваат дека овој случај треба да се третира како тест за сериозноста на институциите и нивната посветеност на принципите на еднаквост и законитост.
Бугарија влегува во елитата на европскиот мотоспорт со нова тест-писта за Формула 1
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

