14 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро реагира на наводите дека кандидатот за градоначалник на Чаир, Изат Меџити, остварил средба со полицајци од Чаир, Сарај и Бутел, во просториите на општинскиот совет. На состанокот, според информациите, присуствувал и заменик-министерот за внатрешни работи Џелал Кока, кој е во роднинска врска со Меџити.
ДУИ оцени дека станува збор за „тежок скандал и директно прекршување на законот“.
Од партијата потсетуваат дека Законот за полиција предвидува полицијата да биде независна и политички неутрална институција, додека Изборниот законик строго ја забранува вклученоста на државната администрација и користењето на јавни ресурси за партиски и изборни цели.
„Во какво својство еден кандидат за градоначалник свикува и се среќава со полицајци? Дали оваа средба е одржана со знаење и овластување од министерот за внатрешни работи? Што било дискутирано и дали е побарано од полицајците да вршат притисок врз граѓаните?“, прашуваат од ДУИ.
Партијата предупредува дека доколку се потврдат обвиненијата, станува збор за злоупотреба на полицијата како политички инструмент – што претставува изборен криминал и сериозно нарушување на демократскиот поредок.
ДУИ бара Министерството за внатрешни работи, Државната изборна комисија и Јавното обвинителство итно да покренат истрага и да ја информираат јавноста кој го наредил состанокот и кои биле барањата кон полицајците.
„Чаир нема да дозволи заплашувања и закани! Ние ќе го заштитиме секој граѓанин и секој глас. Изборите на 19 октомври ќе бидат референдум за демократијата и слободата, а не за полициската држава на Изат Меџити и неговата клика“, порачуваат од ДУИ.
Чупеска: Владата се крие зад „хибридни напади“ наместо да решава проблеми
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден