ДУИ обвинува: Тие што го саботираа проектот, денес се фотографираат пред него
Од саботажа до присвојување: политиката без карактер мора да престане. Демократската унија за интеграција (ДУИ) јасно и гласно се обраќа до јавноста – Коридорот 8 е резултат на нашата долгогодишна работа, на нашата визија и на нашето непоколебливо партнерство со САД и ЕУ.
Кога ДУИ се бореше да обезбеди финансирање за овој стратешки проект, политичките противници гласаа против. Кога го потпишавме договорот, тие не обвинија за криминал и корупција. Кога започнаа градежните работи, не се воздржаа само на зборови – мобилизираа блокади, пропаганда, кампањи и јавни изјави за да го сопрат проектот.
Но најсрамното и најопасното беше тоа што го претставија Коридор 8 како закана за националниот идентитет, како дел од наводен план за Голема Албанија, создавајќи страв, паника и етнички поделби меѓу граѓаните. Со недели ја тровеа јавноста со тврдења дека проектот ќе ја уништи државата. Отидоа толку далеку што ги обвинија дури и нашите стратешки партнери, САД, за вмешаност во „мрачен план“.
А денес? Денес истите тие политичари стојат пред камерите и се фотографираат пред истиот тој проект како да е нивна лична заслуга. Денес се обидуваат да го претстават како своја политичка победа.
ДУИ поракува: тоа не е политика, тоа е лицемерие. Тоа е недостаток на политички и морален карактер. Оние што го саботираа проектот немаат ниту морално, ниту политичко право денес да го присвојуваат. Напротив, имаат обврска да побараат јавно извинување за стравот што го сееле, за лагите што ги ширеа и за блокадите што ги организираа со години.
Коридор 8 е симбол на визија, на напорна работа и на цврста доверба во иднината на државата како дел од евроатлантското семејство. Народот добро знае кој градел, а кој саботирал – и историјата ќе ги стави сите на местото што го заслужуваат.
ДУИ останува посветен на напредокот и интеграцијата, со јасна порака: нема враќање назад.