МАКЕДОНИЈА

ДУИ: Мицкоски ја гради својата политика врз омраза, поделби и исклучување

09 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро реагираше на последните изјави и однесувањето на премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за ширење меѓуетничка омраза, поттикнување поделби и неспособност да испорача конкретни резултати за граѓаните.

Во своето соопштение, партијата вели дека Мицкоски, наместо да се фокусира на реформи и подобрување на животот во земјата, се служи со навреди, провокации и националистичка реторика. Според нив, „единствениот ‘програм’ што му останал“ е потценувањето и исклучувањето на Албанците, како и поттикнување на меѓуетнички тензии.

„Тој вели дека ДУИ имала 23 години да го покаже својот капацитет? Токму во тие години земјата стана членка на НАТО, се доближи до ЕУ, го изгради најфункционалниот модел на мултиетнички соживот во регионот и придонесе за регионалната стабилност преку дијалог и мудрост“, посочуваат од ДУИ.

Според нив, додека земјата напредувала стратешки, Мицкоски и неговата партија, како што велат, биле симбол за блокади, изолација и масовна корупција. Обвинувањата одат и понатаму, истакнувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ ја загубила не само стратегиската, туку и моралната насока, посебно со однесувањето по трагедијата во Кочани.

ДУИ смета дека потценувањето на Албанците можеби носи политички поени кај радикалниот дел од поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, но создава долгорочни последици за државната кохезија.

Партијата жестоко ги критикува и албанските соработници на Мицкоски, нарекувајќи ги „вазали“ кои, според нив, се обидуваат да го вратат времето кога Албанците биле маргинализирани.

„ДУИ останува партија на достоинството, обединувањето и прогресот. Нема да дозволиме омразата да ја замени надежта, ниту поделбата да го замени начелото на еднаквост“, порачуваат од партијата.

ДУИ заклучува дека наредните избори ќе претставуваат референдум – не само против владата на Мицкоски, туку и против визијата за Северна Македонија како изолирана, поделена и корумпирана држава.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени