12 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Демократската унија за интеграција (ДУИ) оценува дека последните изјави на претседателот на Уставниот суд не се изолиран инцидент, туку директна последица на политичката клима што е создадена во земјата.
Според партијата, кога во Владата постои слабо, контролирано и потчинето претставување како коалицијата „ВЛЕН“, тогаш антиалбанските сили се чувствуваат охрабрени и зајакнати. Од ДУИ велат дека денес се појавуваат изјави и постапки кои порано дури ни не се осмелувале јавно да се изговорат.
Наместо да ги бранат уставните права и достигнувањата од Охридскиот рамковен договор, претставниците на „ВЛЕН“ во Владата, според ДУИ, избрале молк и сервилност. Таквата тишина, велат од партијата, се толкува како дозвола за напади врз албанскиот јазик, релативизирање на еднаквоста и поткопување на темелите на мултиетничката држава.
Од ДУИ нагласуваат дека албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања за кои може да се преговара или да се релативизираат. Тие, како што наведуваат, се уставно загарантирани права и дел од политичкиот поредок што ја обезбедува стабилноста и соживотот во државата.
Затоа, одговорноста за создадената политичка клима, според ДУИ, не паѓа само врз оние што даваат антиалбански изјави, туку и врз оние кои, иако се на власт, избираат да молчат и да не ги бранат овие принципи.
ДУИ порачува дека ќе продолжи политички да реагира и да делува во одбрана на еднаквоста, Охридскиот рамковен договор и мултиетничкиот карактер на државата.
Беким Фазлиу: Ако „Фармата на животните“ беше за РСМ, ќе имаше и Уставна штала
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

