29 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Демократска унија за интеграција (ДУИ) остро реагираше на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дадена во Собранието, оценувајќи дека станува збор за сериозен чекор назад во однос на употребата на албанскиот јазик и меѓуетничките односи во државата.
Според партијата, изјавата дека албанскиот јазик може да се користи „колку сакате“, но дека единствен официјален јазик е македонскиот, претставува враќање кон логиката на Уставот од 1991 година. ДУИ нагласува дека ваквиот став го игнорира Амандманот V од 2001 година, кој е темел на уставниот поредок и на меѓуетничката рамнотежа.
Од ДУИ потенцираат дека ваквата реторика директно го засега духот и суштината на Охридски рамковен договор, кој, како што велат, не е симболичен компромис, туку реална архитектура на соживотот, создадена за надминување на конфликтите произлезени токму од уставните решенија од 1991 година.
„Релативизирањето на статусот на албанскиот јазик не е прашање на толкување, туку отвора опасен пат што директно влијае врз меѓуетничките односи и функционирањето на нашата мултиетничка демократија“, се наведува во соопштението.
Партијата оценува дека ваквиот пристап претставува обид за ревизија на клучните државни достигнувања и е во спротивност со концептот на мултиетничка и демократска држава.
ДУИ го повика премиерот веднаш да се повлече од ваквите ставови и целосно да го почитува уставниот поредок произлезен од Охридскиот договор.
„Секое отстапување од овој поредок не е само политичка грешка, туку директен удар врз темелите на соживотот и функционалноста на државата“, порачуваат од ДУИ.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

